Кризата во Македонија која отпочна после парламентарните избори одржани на 11 декември минатата година, кога владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ доби 51 мандат, а опозициската СДСМ- 49, додека албанските партии освоија вкупно 20 мандати- по неформирањето влада влезе во нова фаза, пишува српскиот портал „Нови Стандард“.
Огорчени од перспективата- СДСМ со албанските партии да формира влада врз основа на т.н. „Тиранска платформа“, која води кон албанизација и распад на земјата, граѓаните на Македонија веќе со недели протестираат на улиците во скоро сите македонски градови. Од ден во ден во Скопје, Кичево, Штип, Велес, Прилеп, Куманово и другите градови се оддржуваат протестни маршеви кои се предводени од иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Граѓанските маршеви се насочени против промена на Уставот и усвојување на платформата од Тирана, која Еди Рама ја насочи кон Македонија.
ПОНИЖЕНИОТ ХАН
Со истрајната волја на Македонците оваа недела се соочи и Јоханес Хан за време на посетата во Скопје, кога тој имаше намера да изврши притисок и да му дозволи формирање „антиуставна коалиција“ на опозицискиот лидер Заев и албанските партии на принципи на „тирнаска платформа“. Му следеше ладен туш: претседателот Ѓорге Иванов одби да го прими еврокомесарот, кој недвосмислено застана на една страна во македонската криза. Во таа прилика Хан се соочи со 200 илјади луѓе кои на улиците во Скопје протестираа против тиранската платформа и му даваа поддршка на Иванов.
Европскиот комесар, нормално, одлуката на Иванов да не му го додели мандатот на Заев за формирање Влада, ја нарече недемократска, но тоа беше очекувано од еден пристрасен странски бирократ, чии притисоци наидоа на цврст ѕид на отпор.
ВМРО-ДПМНЕ пак, превзема политичка иницијатива инсистирајќи СДСМ да се откаже од тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ се покажа подготвен, истовремено одлучно да го брани уставниот поредок и единството во земјата, но и подготвен на великодушни политички постапки кон опозицијата. За ова сведочи понудата на ВМРО-ДПМНЕ- доколку опозицијата не прифати нови избори, тие ќе дадат поддршка за малцинска влада на СДСМ под услов јавно да се откажат од тиранската платформа.
Втората опција која ВМРО-ДПМНЕ ја нуди е да се повторат изборите каде граѓаните ќе се изјаснат за платформата од Тирана, па доколку СДСМ на основа на оваа платформа ги добие изборите- ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на граѓаните.
И АЛБАНЦИТЕ – ГУБИТНИЦИ
Блокадата на Иванов за албанизација на земјата доведе до стопирање на опасните намери изнесени во „платформата од Тирана“: не е формирана влада која би ја официјализирала употребата на албанскиот јазик како втор официјален јазик на целата територија на Македонија; не се почнати дебати за промена на химната, знамето и грбот на оваа држава; не е реализирана намерата да се променат полициските и армиските униформи; не е покрената постапката за носење декларација со која Македонците „би признале“ и „осудиле“ повеќедецениски геноцид врз Албанците, кој наводно го извршиле српските (односно југословенските) и бугарските власти на просторите на Македонија. Ниту изборот на Претседател на Собранието (кој за прв пат требаше да биде Албанец), СДСМ и албанските партии не го спроведоа. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ го сочува мнозинството во Собраниската комисија задолжена за изборите и именување на претседателот.
Се на се, СДСМ секој ден е се подалеку од формирање влада. Ниту неговите лидери, ниту албанските партии во климата која е направена со помош на протестите веќе не се осудуваат во јавните говори да ја спомнат „Тиранската платформа“, туку ја премолчуваат, но засега никој јавно не ја отфрли. Албанските партии, кои на претходните избори веќе изгубија значаен број гласови, но поради малата разлика во гласовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа шанса преку уцени и под покровителство на Еди Рама да бараат редефинирање на целокупниот државен поредок, исто така се се поизвесни губитници во актуелната криза. Не само што, како што стојат работите, тие нема да добијат прилика за да ги наметнат своите барања од „Тиранската платформа“, туку постои можност нивните потенцијални коалициони партнери да ги изиграат и да се повлечат од претходно договорениот ангажман.
Така веќе некое време во македонските добро-информирани кругови кружи информацијата дека постои шанса, во новите околност Албанците да го изгубат веќе ветеното место, Претседател на Собранието, каде што Заев планира да го постави Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.
Се на се, македонската непопустливост во одбраната на својата држава и нејзиното уредување почнува да ги носи првите позитивни резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст