| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо прошета низ Загреб и саркастично им се обрати на новинарите: Ви благодарам што ми дозволивте

zoze murinjo

Еден од најпознатите тренери во светот и менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо синоќа беше дел од квалификацискиот дуел на Хрватска и Украина во Загреб.

Тој на трибините на стадионот на Динамо беше во друштво на југословенските легенди Давор Шукер и Предраг Мијатовиќ, а со цел да се обиде да го договори трансферот на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ од редовите на Интер, но и за трансфер на Марсело Брозовиќ.

Мурињо на неколку часа пред почетокот на вчерашниот дуел се обиде да излезе од хотелот и да прошета по улиците на Загреб, но веднаш беше нападнат од новинарите и фоторепортерите, па беше приморан да се врати во хотелската соба.

Сепак, утринава успеа да се извлече од хотелот и да прошета по улиците на Загреб, но не заборави да им се „заблагодари“ на новинарите кои му дозволија да го направи тоа.

murinjo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top