Бразилецот Даглас Коста се жали на повреда на левото колено, а германските медиуми вчера излегоа со црни прогнози дека тој би можел да ги пропушти најважните мечеви на тимот, четвртфиналните дуели со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, како и полуфиналниот дуел од Купот на Германија против Борусија Дортмунд. Имаше дури и предвидувања дека лекарите размислуваат за хируршки зафат и во таков случај оваа сезона за Бразилецот ќе биде завршена. Но, тој вели дека најверојатно се десетина денови повторно ќе може да се приклучи на тренинзите на својот тим.
0 Не доаѓа в предвид сега да заминам на операција, кога сезоната влегува во својот најважен дел. Се чувствувам подобро и добрите прогнози велат дека би можел да се вратам на тренинзите за десет дена. Не е така црно, како што делуваше во прв момент – смирува Даглас Коста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.