СДСМ подготвува нова измама на граѓаните, a оваа театарска претстава е предвидено да се одигра на продолжението на конститутивната седница закажана за утре напладне, дознава „Република“.
Подмолниот план на СДСМ се состои во тоа на утрешната седница СДСМ да го предложи за претседател на Собранието Оливер Спасовски како гарант дека Владата на СДСМ ќе ги добие сите 67 гласа од коалицијата на СДСМ и албанските партии. Оваа навидум промена на планот доаѓа од силниот анимозитет меѓу Беса и ДУИ и опасноста доколку договорениот претседател на Собранието, Талат Џафери, биде обелоденет, Владата да не ја добие поддршката од сите пратеници, односно од пратениците на Беса. На тој начин СДСМ нема да може да обезбеди стабилна влада.
Сепак, СДСМ нема да отстапи од договореното. На денот на избор на владата, веднаш по гласањето, Оливер Спасовски ќе даде оставка и ќе го добие министерското столче во МВР, а ДУИ ќе го преземе претседателското место во Собранието.
Со меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за распределба на позициите во власта, како што веќе објави „Република“, одлучено е поранешниот албански командант на 116 Бригада на УЧК, кој потоа стана политичар, ексминистерот за одбрана од редовите на ДУИ, Талат Џафери, да биде претседател на Собранието на РМ.
Утре во 12 часот во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на комисијата за избори и именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст