Приоритет на новиот бугарски шеф на дипломатијата се односите со Македонија. Поранешен европратеник, Кристијан Вигенин, како нов министер за надворешни работи за бугарската телевизија „Нова“ вели дека бугарско-македонските односи не можат да се сведат само на договорот за добрососедство што двете држави треба да го потпишат.
– Треба да ги прошириме политичките и економски контакти. Тоа ќе помогне да се отстранат дел од проблемите, кои не се толку сложени, а со тоа ќе им се одземе и можноста на екстремистите од двете страни да го влошуваат тонот во билатералните односи.
Во однос на евроинтеграциите на Македонија, Вигенин оценнува дека во државата „има процеси кои се проблематични и за Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.