| четврток, 6 декември 2018 |

Села: Целосна рамноправност или федерација (видео)

Ние во ниту еден момент нема да се откажеме од бинационална држава. Или целосна рамноправност помеѓу Албанците и Македонците или ние Албанците тука сите заедно ќе формирање федерација, вели Села.

Коалициониот партнер на СДСМ и Зоран Заев, Зијадин Села во предизборието јасно кажува кои се неговите планови за Македонија. Агендата на реформаторот Села доколку влезе во тиранската влада на Заев ќе биде иста како онаа на Ванхауте – целосна рамноправност или Македонија ќе се федерализира.

Ние во ниту еден момент нема да се откажеме од бинационална држава. Или целосна рамноправност помеѓу Албанците и Македонците или ние Албанците тука сите заедно ќе формирање федерација, вели Села.


Тој уште еднаш повторува дека Македонците ќе бидат избркани од работа како технолошки вишок, а на нивно место ќе се вработат Албанци.

-Некој ќе каже дека сите места се пополнети и нема повеќе слободни работни места. Ни ги имаат завземено местата на нас Албанците во државните институции, но бидете сигурни дека Македонците ќе излезат технолошки вишок, бидејќи не може во Гостивар 90% од вработените во регионалните канцеларии на министрествата да бидат Македонци, вели Села во говорот.

Јавноста добро ги познава антимакедонските ставови на коалициониот партнер на СДСМ и Заев. На Села му пречи се што е македонско и останува на ставот дека потребна е промена на македонското знаме и химна. Тој јавно кажува дека македонското знаме и химна не ги признава и дека не може да почитува химна која Албанците не ја гласале.


За Села не постои македонскиот народ, односно дека македонскиот идентитет не постои, а пред 100 години не постоел ниту македонскиот народ.


Евентуална Влада на Заев ќе зависи токму од реформаторот Села чии ставови добро и се познати на јавноста, бидејќи доколку БЕСА одбие да учествува во владата, Заев и ДУИ ќе ги немаат потребните 61 пратеник.

Без него нема да има мнозинство за постоење на влада. Владата на Заев би постоела само додека Села е задоволен од постапките на Заев и СДСМ. Ова значи дека владата ќе зависи од Села, а дополнително може само да се замисли што Заев постојано ќе треба да испорачува за Села да не ја сруши Владата и премиерот. Заев уште сега нема храброст да му се спротивстави на Села плашејќи се дека ќе му ја откаже поддршката, а уште помалку тогаш. Македонија во влада на СДСМ ќе зависи токму од Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top