Денеска во седиштето на УЕФА во Нион со ждрепка беа одредени двојките за четвртфиналето на Лигата на шампионите. Шпанија со три претставници е најуспешната нација во најсилниот европски Куп и има најголеми шанси за ново шпанско финале во јуни во Кардиф.
Ждрепката не им беше наклонета на „големите“ бидејќи главните четири фаворити за освојување на годинешната титула ќе се играат меѓусебе во четвртфиналето.
Четвртфинале:
Атлетико Мадрид – Лестер Сити
Борусија Дортмунд – Монако
Баерн Минхен – Реал Мадрид
Јувентус – Барселона
Мечевите од четврфиналето се играат на 11/12 и 17/18 април, полуфиналните се закажани за 2/3 и 9/10 мај, а големото финале на 3 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.