| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓурковиќ: Влада формирана со тиранската платформа е чекор кон растурање на Македонија

gjurkovic-640x326

Целата идеја врз која би требало да се формира таа влада се гледа како чекор кон растурање на Македонија, изјави вчера во своето гостување на ТВ „Нова“ директорот на Институтот за Европски студии во Белград, Миша Ѓурковиќ.

Според него, целата идеја на тиранската платформа не е идеја на формирање влада врз основа на сегашниот Устав и уставноста на Македонија, туку, како што вели, е директно барање за промена на Уставот и суштинскиот систем на Македонија во кој се воведува друг јазик на целата нејзина територија, посочува, на некој начин станува бинационална држава.

Ѓурковиќ вели и дека оваа платформа има цел не само Македонија да ја направи бинационала држава, туку и да се направи кантонизација, по што, според него, би следувала и федерализација на Македонија.

– Од друга страна, ова што очигледно се најавува се чекори кон кантонизација, за почеток кон создавање на заедница на албанските општини, а потоа, тоа што веќе се најавува, федерализација на Македонија на која гледаме како чекор, односно обид таа држава да се разбие – истакнува Ѓурковиќ.

Посочува дека албанскиот фактор на Балканот настојува да игра многу важна улога, отколку што реално има сила.

Ѓурковиќ вели дека формирање влада на една држава врз основа на платформа од друга држава е преседан.

– Во овој конкретен случај, секако, е целосно невообичаено, односно тоа не е практика што можете да ја најдете каде било, влада на една држава да се формира врз основа на платформа што е донесена во друга држава, односно во овој случај во Тирана. Тоа е преседан на кој ни една држава и ни еден политички систем не би смеел да се согласи ако не сака да се елиминира самиот себе – подвлече Ѓурковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top