| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаше да го гледам како се фрла под воз

sakashe-da-go-gledam-kako-kje-se-frli-pod-voz-245079

Со Слаѓан бев во врска и го сакав. Тој во недела вечер рече дека ќе се убие. Не му поверував. Чувствувам вина за тоа што се случи. Да останав со него тој не би скокнал под воз, го започнала своето сведоштво Олга Чолак (28), љубовница на Слаѓан Петровиќ (26) од Смедерево кој заради невозвратена љубов извршил самоубиство фрлајќи се под воз.

Олга живее во селоро Липа кај Смедерево во семејната куќа со својот сопруг, син (11) и ќерка (13).

Излеговме во еден клуб, а таму беше еден поранешен дечко на мојата другарка. Слаѓан заеше дека тој ми се има додворувано и беше љубоморен и покрај тоа што знаеше дека на сакам да имам ништо со него. Сакаше да го тепа, но јас го смирив. Излезе од клубот и рече дека ќе се убие, но се врати за 20 минути, изјавила таа.

voz

Подоцна истото момче пришло кај масата на Олга, по што Слаѓан го забележал и го нападнал. Сепак, целата ситуација се брзо се смирила. Тогаш, по целата расправија таа му рекла дека не сака повеќе да биде со него, а тој ја наговарал да остане вечерта и да види како тој ќе се самоубие.

Се грижев дека ќе ме најде таа вечер и ќе ме повреди или дека ќе дојде кај мене дома и ќе му каже на мојот споруг за нашата афера. Но тој се уби, рекла Олга која по несреќата му кажала на својот сопруг за неверството.

– Се омажив на 14 години од љубов, а Слаѓан прво ми беше пријател, а подоцна се заљубив. Во се му бев прва, а потоа го наговарав да си најде девојка затоа што никогаш не сакав да се разведам, завршила таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top