| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нè очекува во март

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Позначителни врнежи се очекуваат во западните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, долж Повардарието повторно ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје повремено облачно со услови за повремен слаб дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Потоа се очекува извесно стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува умрен до засилен северен ветер, но повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и ќе предизвика пад на дневната температура.

До крајот на Март не чекаат многу промени со времето, сонце, облаци, дожд, пад на температурите, па ново искачување. Не залудно рекле, месец март има 300 ума.

untitledoiio7897p89p4898p45894p5894p589yyy

untitledoiio7897p89p4898p45894p5894p589yyy (1)

untitleduyk67i67i467i87678i867i4622222

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top