Во Македонска Каменица попладнево првпат се одржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Протестот се одвиваше по улиците во центарот на градот, а заврши пред градскиот плоштад, каде пред присутните се обрати Гоце Стојановски, жител на Македонска Каменица, кој порача да не се дозволи разнебитување на државата.
– Времињата кои претстојат пред нас се сериозни предизвици, како никогаш досега и треба да се покаже сплотеност и единство. Мора да бидеме подготвени за сите премрежја кои ни претстојат. Ние секогаш сме имале мисија, а тоа е суверена и независна Република Македонија. Да не дозволиме разнебитување на Македонија, бидејќи Маекедонија е сѐ што имаме, ние немаме резервна држава, мора да бидеме подготвени да се спротивставиме на оваа погубна политика. Македонија е премногу скапа за да дозволиме некои шарени платеници и продадени типови да ја разнебидат затсркивајќи ја својата црна агенда зад лаги и манипулации, истакна Стојановски.
Протест по шести пат под мотото „За заедничка Македонија“ попладнево с еодржа и во Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.