| четврток, 6 декември 2018 |

Да­ли, спо­ред За­ев, ан­ти­фа­ши­сти­те тре­ба да им се из­ви­нат на на­ци­сти­те?

 

Никола Србов

Никола Србов

Ин­те­рес­но, во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја поч­ну­ва пре­вр­ту­ва­ње на исто­ри­ја­та за 180 сте­пе­ни. Со ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ко­ја СДСМ са­ка да ја спро­ве­де во Ма­ке­до­ни­ја, се пра­ви пре­се­дан од свет­ски раз­ме­ри. Во точ­ка­та ка­де што тре­ба да се об­ви­ни­ме ние са­ми­те за не­ка­ков ге­но­цид врз Ал­бан­ци­те, на ве­штач­ки на­чин ја ме­ну­ва­ме исто­ри­ја­та од пер­и­о­дот на Вто­ра­та свет­ска вој­на.

Во Вто­ра­та свет­ска вој­на Ма­ке­дон­ци­те за­ста­наа на стра­на­та на ан­ти­фа­ши­стич­ка­та ко­а­ли­ци­ја бо­реј­ќи се про­тив фа­шиз­мот. Де­не­ска во Ма­ке­до­ни­ја има обид ан­ти­фа­ши­сти­те да би­дат об­ви­не­ти за ге­но­цид из­вр­шен врз фа­ши­сти­те. Ова се не­ма слу­че­но ни­ка­де до­се­га, ва­ка ка­ко што е по­ста­ве­на пла­тфор­ма­та, би стиг­на­ле до зак­лу­чок де­ка Евре­и­те тре­ба да им се из­ви­нат на на­ци­сти­те де­ка, всуш­ност, тие из­вр­ши­ле ге­но­цид врз нив, а не де­ка на­ци­сти­те отво­раа кон­цен­тра­ци­ски ло­го­ри. Ма­ке­дон­ци­те тре­ба да им се из­ви­нат на Ал­бан­ци­те за оку­па­ци­ја­та на за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја. Или Фран­ци­ја, Бри­та­ни­ја и САД тре­ба да ѝ се из­ви­нат на на­ци­стич­ка Гер­ма­ни­ја за оку­па­ци­ја­та на Фран­ци­ја, бом­бар­ди­ра­ње­то на Лон­дон и на­па­дот на Перл Хар­бор. Мис­лам де­ка овој пре­се­дан тре­ба да го пре­зен­ти­ра­ме пред це­ла­та свет­ска јав­ност, не­ка знае све­тот де­ка во Ма­ке­до­ни­ја ан­ти­фа­ши­сти­те се осу­де­ни за ге­но­цид врз фа­ши­сти­те, не­ка доз­на­ат де­ка ту­ка се из­ме­ну­ва­ат исто­ри­ски­те фа­кти, кои се во­ста­но­ве­ни од це­ла­та свет­ска исто­ри­о­гра­фи­ја.

Но да се вра­ти­ме на до­ма­шен те­рен.

Ка­де е ге­не­ра­лот То­дор Ата­на­сов­ски да ја осу­ди ти­ран­ска­та пла­тфор­ма со ко­ја бор­ци­те од НОБ се об­ви­ну­ва­ат за ге­но­цид врз Ал­бан­ци­те? Да­ли ге­не­ра­лот (по вој­на) се сог­ла­су­ва за ви­стин­ски­те бор­ци од НОБ да би­дат об­ви­не­ти за ге­но­цид? Да­ли Со­ју­зот на бор­ци, во кој чле­ну­ва­ат лу­ѓе ро­де­ни по вој­на­та, се сог­ла­су­ва­ат бор­ци­те што ја ос­ло­бо­ди­ја оваа зем­ја да би­дат об­ви­не­ти за ге­но­цид и со тоа нив­на­та бор­ба да се при­ка­же ка­ко те­рор врз на­ци­сти­те?

За мо­мен­тот ко­га из­би­ле не­ми­ри­те на скоп­ско­то Ка­ле и во штип­ска­та ка­сар­на ка­де што ма­ке­дон­ска­та вој­ска се по­бу­ни­ла под па­ро­ла­та „Не на Срем ту­ку на Со­лун“, Ми­хај­ло Апо­стол­ски во сво­е­то пос­лед­но све­дош­тво го ка­жу­ва след­но­во: „Со Тем­по вед­наш оти­дов­ме во Штип, но ра­ко­водс­тво­то не го нај­дов­ме на сво­е­то ме­сто. Го нај­дов­ме са­мо ко­ман­дан­тот, до­де­ка по­ли­тич­ки­от ко­ме­сар го нај­дов­ме на спи­е­ње. Го раз­бу­див­ме и вед­наш го сме­нив­ме. Ме­сто не­го, за ко­ме­сар го по­ста­вив­ме То­шо Ата­на­сов­ски“. На овој на­чин Ата­на­сов­ски од ско­е­вец до­бил не­ка­ква функ­ци­ја, бла­го­да­ре­ние на спан­ко­то во Штип.

generali Mihailo_Apostolski i Todor Atanasovski

Михајло Апостолски (лево) Тодор Атанасовски (десно)

Мо­жам са­мо да за­мис­лам што би му ка­жал де­нес Апо­стол­ски на Ата­на­сов­ски до­де­ка вто­ри­ов го об­ви­ну­ва пр­ви­ов за ге­но­цид. Мо­же­би ге­не­ра­лот, тој ви­стин­ски­от, би го ис­пра­тил ско­е­ве­цот на удар­на ак­ци­ја на пру­га, мо­же­би са­мо сар­ка­стич­но ќе се нас­ме­ел гле­дај­ќи ги пу­ле­ни­те на со­ци­ја­лиз­мот ка­ко ги га­зат ил­јад­ни­ци­те жр­тви за сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја. Пу­ле­ни­те на уд­ба­шки­от си­стем, кои ве­ру­ваа де­ка сѐ поч­ну­ва од нив, ре­ши­ја да ја ану­ли­ра­ат бор­ба­та на ил­јад­ни­ци Ма­ке­дон­ци за вре­ме на НОБ.

Од по­чит кон во­зра­ста и искус­тво­то што го има Ата­на­сов­ски не би нав­ле­гу­вал во де­та­ли око­лу не­го­ва­та бор­ба. Но Ата­на­сов­ски бе­ше по­ли­тич­ки акти­вен пос­лед­ни­ве го­ди­ни. Во 2014 го­ди­на Ата­на­сов­ски ги об­ви­ни Ма­ке­дон­ци­те од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја де­ка би­ле „кан­цер“ на на­ше­то оп­штес­тво спо­ре­ду­вај­ќи ги со го­ле­мо­српс­тво­то и со го­ле­мо­бу­гарс­тво­то од кое стра­да­ше Ма­ке­до­не­цот. Ата­на­сов­ски ги спо­ре­ди Ма­ке­дон­ци­те од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја со на­ши­те оку­па­то­ри пре­ку из­ја­ва­та: „Ма­ке­до­ни­ја по­ми­ну­ва­ла и по­ми­ну­ва низ раз­лич­ни амп­ли­ту­ди: го­ле­мо­срп­ска, го­ле­мо­бру­гар­ска… Се­га по­втор­но сме во ед­на амп­ли­ту­да. Не знам да­ли пра­вил­но ќе ја на­ре­чам, но се­га сме во ед­на еге­и­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја“. Чо­ве­кот за­бе­ле­жал „еге­и­за­ци­ја“. Чо­ве­кот стра­ву­вал од Ма­ке­дон­ци­те од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, но не ја уви­дел опас­но­ста од ал­ба­ни­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Мо­же­би ја уви­дел, но то­гаш ге­не­ра­лот во­де­ше по­ли­ти­ка, во 2016 го­ди­на Со­ју­зот на бор­ци пот­пи­ша пла­тфор­ма со СДСМ „За­ед­но за сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја“, при пот­пи­шу­ва­ње­то прет­став­ни­кот на Со­ју­зот, Трај­ко Ста­ма­тов­ски, из­ја­ви де­ка тие за оваа пла­тфор­ма се опре­де­ли­ле уште во 1941 го­ди­на. Изу­чу­вај­ќи ја исто­ри­ја­та, ми се отво­ра­ат мно­гу ди­ле­ми, да­ли бор­ци­те од НОБ во 1941 го­ди­на се опре­де­ли­ле за пла­тфор­ма со ко­ја тие са­ми­те ќе се осу­дат за ге­но­цид врз Ал­бан­ци­те?

На бор­ци­те им се пре­вр­ту­ва­ат ко­ски­те во веч­ни­те по­чи­ва­ли­шта гле­дај­ќи ка­ко се об­ви­не­ти за ге­но­цид од стра­на на се­гаш­ни­ве чле­но­ви на Со­ју­зот, кои за вре­ме на вој­на­та би­ле на 15-го­диш­на во­зраст и ка­ко тоа го пра­ват во ко­а­ли­ци­ја со Зо­ран За­ев.

Но пра­ша­ње­то нав­ле­гу­ва уште под­ла­бо­ко. Да го трг­не­ме за мо­мент на­стра­на пер­и­о­дот на НОБ, да ви­ди­ме ка­кви имп­ли­ка­ции има оваа пла­тфор­ма во прет­ход­ни­от пер­и­од на кој се од­не­су­ва. Во ти­ран­ска­та пла­тфор­ма се ба­ра до­не­су­ва­ње ре­зо­лу­ци­ја во Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со ко­ја ќе се прог­ла­си ге­но­цид из­вр­шен врз Ал­бан­ци­те на те­ри­то­ри­ја на де­неш­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во пер­и­о­дот од 1912 го­ди­на до 1956 го­ди­на. Во јав­но­ста се ши­ри те­за­та де­ка во пер­и­о­дот од 1912 го­ди­на, па сѐ до АСНОМ ние ќе тре­ба да ги осу­ди­ме Ср­би­ја и Бу­га­ри­ја за из­вр­шен ге­но­цид врз Ал­бан­ци­те. Но ту­ка има скри­е­на пот­точ­ка. За вре­ме на срп­ска­та и на бу­гар­ска­та оку­па­ци­ја Ма­ке­дон­ци­те би­ле по­пи­шу­ва­ни ка­ко Ср­би, од­нос­но Бу­га­ри. Пр­ва­та пот­точ­ка е до­ка­жу­ва­ње де­ка ту­ка не по­сто­е­ле Ма­ке­дон­ци и де­ка Ал­бан­ци­те се ста­ро­се­дел­ци на овие про­сто­ри, до­де­ка Ма­ке­дон­ци­те ја „оку­пи­ра­ле“ ал­бан­ска­та зем­ја по АСНОМ. Вто­ра­та пот­точ­ка е осу­ду­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те за из­вр­шен ге­но­цид во це­ли­от пер­и­од на кој се од­не­су­ва ре­зо­лу­ци­ја­та, пре­ку нив­но­то по­пи­шу­ва­ње ка­ко Ср­би, од­нос­но Бу­га­ри.

Оваа пла­тфор­ма е пос­лед­ни­от удар врз Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те и, ко­неч­но, за­тва­ра­ње на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње, кое по­драз­би­ра не­по­сто­е­ње на ма­ке­дон­ска др­жа­ва и на ма­ке­дон­ски иден­ти­тет. До­кол­ку со ве­ко­ви ни­кој не ус­пе­ал да го збри­ше Ма­ке­до­не­цот, се­га гле­да­ме но­ва стра­те­ги­ја, Ма­ке­до­не­цот е при­тис­нат са­ми­от да се из­бри­ше.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top