| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Кочани и вечерва со поддршка „За заедничка Македонија“

Низ улиците на Кочани и вечерва граѓаните повторно со мирен протест ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, искажувајки ја притоа својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

– Вечерва сме собрани овде во Кочани на овој мирен протест да ги осудиме сите идеологии насочени кон уништување на македонскиот корен и идентитет. Вечерва заедно сме сите кочанчани за да ја поддржиме иницијативата „За заедничка Македонија“ организирана „за спас на ова наше мало парче македонска земја“, истакна пред присутните актерот Страшко Милошевски.

Од мирниот протест во Кочани вечерва беше упатено барање до целиот слободољубив македонски народ со сите сили да не попушти пред притисоците за редефинирање на државата и воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик.

Мирниот протест на граѓаните на Кочани се одвиваше низ улиците на градот и вообичаено како и претходните денови заврши во градскиот парк, по што граѓаните мирно се разотидоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top