| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев се сели на трибини поради непримерниот однос?!

goran pandev

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев би можел да добие казна од екипата на Џенова затоа што одби да влезе од клупата на мечот против Болоња.

Пандев на последната средба во калчото беше повикан од тренерот Мандолини да влезе во игра во 90. минута, но сепак, тој реши да одбие. Од „чизмата“ велат дека Пандев би можел да добие казна на наредниот меч и да биде преселен на трибините, слично како што Леонардо Бонучи од Јувентус доби казна од Алегри, поради несогласувања.

Пандев и покрај најавите за казна, тренира нормално со првиот тим. Џенова во наредното коло од Серија А се соочува со Емполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top