| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ организира марш

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни” утре организира марш под мотото „Македонски марш – завет за Македонија“. Маршот ќе почне утре во 17 часот пред Соборниот храм на МПЦ во Скопје, а ќе заврши до паркот „Жена Борец”.

Здружението ќе се обрати до владините коалициски партнери од кои ќе бараат детали од договореното во Мала Речица.

„Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив повеќе здружението преку протести да ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки“, се вели во соопштението на „Тврдокорни“ кои сакаат да дознаат дали со „подзаконски акти или дотерување на постоечките закони, некој притаено ќе се обиде да нѐ донесе пред свршен чин од низата сепаратистички барања на албанските политичари“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top