СЈО има свој мандат од 5 години да ги заврши предметите и имаат мандат од 18 месеци да покренат обвиненија и тој закон се носи со 2/3 мнозинство. Од тој аспект СЈО не е предмет на дебата ни помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вели Димовски, кој потенцира дека нивниот мандат е дефиниран во претходен договор меѓу сите политички партии кои и го потпишаа.
-Мандатот нема да биде продолжен. ВМРО-ДПМНЕ има став дека СЈО е политичка институција која во поглед на квалитет и било кој друг аспект не врши правна дејност туку има политичка улога. И друг да формира влада тој мандат нема да биде продолжен затоа што за тоа треба 2/3 мнозинство. Од ВМРО за тоа поддршка нема да има и тоа не е спорно. СЈО денеска е негативен пример. СЈО имаше потенцијал за да биде модел но таа шанса е пропуштена откако целата јавност виде дека станува збор за политичка, пристрасна и партизирана институција, вели Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.