| четврток, 6 декември 2018 |

„Петардата“ ги разочара: Вратени 30 000 влезници за реваншот Арсенал – Баерн М.

UEFA-Champions-League-Round-of-16-First-Leg

Стадионот на Арсенал, Емирати, кој е познат по најскапите влезници во Англија, за реваншот во Лигата на шампмпионите помеѓу Арсенал и Баерн М. кој ќе се одигра на 7. март бил распродаден, а сите 60.000 влезници биле однапред резервирани.

Но, 18 минути откако судијата Милорад Мажиќ означи крај на мачењето на Арсенал на Алијанц арената во Минхен, делови од трибините започнаа да „пожолтуваат“, што значи дека се ослободија места на стадионот, најмногу во горниот дел, за половина час подоцна слободни места да се отворат на секој влез во горниот дел.

Црвени, односно зафатени места, останаа само оние кои се предвидени за гостинските навивачи, ложите и делот од трибините каде седат сопствениците на годишните влезници со мали дечиња. Според пишувањата на британските медиуми, поченувајќи од вчеравечер и во текеот на денешниот ден откажани биле околу 30 000 резервирани влезници.

Ова можеби најдобро од се говори за срамотната игра на Арсенал без борбеност и желба и што навивачите мислат за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top