| четврток, 6 декември 2018 |

Шеиците имаат проект за Марс, вака би изгледал градот на Црвената планета (ФОТО)

Oбединетите Арапски Емирати го претставија амбициозниот проект со кој му пркосат на плановите на Елон Муск. Премиерот на ОАЕ и владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед Бин Рашид ал Мактум, заедно со принцот на Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајед, го најави проектот „Марс 2117“, нагласувајќи дека целта е ОАЕ да ја ги предводат меѓународните настојувања да се оствари сонот на човештвото да продолжи со истражување на Вселената во рок од 100 години.

Тие сакаат нивната нација да биде прва која ќе изгради човечка колонија на Марс.

„Човековите амбиции немаат граници и кој и да ги погледне научните достигнувања во овој век мора да верува во способноста на човекот да го оствари најважниот сон. Овој проект е семе кое сега го сееме, а очекуваме дека идните генерации ќе ги соберат неговите плодови, водени од страста да откријат нови сознанија“, вели шеикот Мухамед бин Зајед.

„Проектот Марс 2117“ е долгорочен проект, но нашата прва цел е развој на образовен систем за да можат нашите синови да предводат истражувања во повеќе сектори, додава тој.

Проектот во прво време ќе биде фокусиран на домашните сили, а потоа ќе се вклучуваат и научници од земјите ширум светот.

Научниците ќе се занимаваат со решенија за изградба на првата човечка одржлива населба на Марс, како и прашањето за брз транспорт на луѓе, храна и енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top