| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот сопруг на актерката осомничен за силување

Поранешниот сопруг на актерката Хилари Даф е по полициска истрага поради сомнение дека силувал жена во неговиот дом во Лос Анџелес. Поранешниот хокеар Мајк Комри (36) тврди дека сескот се случил со нејзина согласност.

– Со Мајк се сретнавме во бар сабота навечер. Завршивме во неговиот дом каде неколку пати ме силуваше. Штом успеав да побегнам, отидов во болница – тврди жената чие име се крие од јавноста.

Извор близок до истрагата за „ТМЗ“ открил дека таа го познавала Комри веќе подолго време, а истата вечер во нивно друштво била уште една жена, која не побарала помош од полицијата.

Хилари Даф раскина со хокеарот во  2013 година, а потоа и поднесе документи за развод. Причините за разводот, наводно, се затоа што таа не сакала веќе да ги трпи неговите пречести излегувања, кога често се додборувал на други жени.

Двојката, од бракот кој траеше три години, го има петгодишниот син Лук Круз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top