| четврток, 6 декември 2018 |

Натпревар во најдолго жонглирање за фудбалери до 14 години

Младите фудбалери до 14 години од повеќе фудбалските клубови денеска и утре ќе ги одмерат силите и издржливоста во натпревар за најдолго жонглирање.

На плоштадот во Тетово денеска во 12 часот ќе се одржи натпреварот меѓу ФК Тетекс Тетово, ФК Шкендија и ФК Гостивари, а во недела во 13:30 часот во Скопје Сити Мол ќе се натпреваруваат фудбалерите на ФК Работнички, ФК Вардар, ФК Ѓорче Петров и ЖФК Драгонс.

Како што информираат организаторите, најдобрите клубови на крајот ќе бидат наградени со копачки, фудбали, патики и шишенца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top