| четврток, 6 декември 2018 |

Само што му почина сопругата, тој се вљуби во една позната дама!

to

Сер Том Џонс, наводно, почнал емотивна врска со Присила Присли, пренесуваат медиумите.

Славниот пејач (76) фрлил око на пет години помладата актерка, која беше мажена со Елвис Присли. Џонс пред една година ја загуби сопругата Линда, која почина од рак.

-Том и Присила се зближија. Меѓу нив постои привлечност, но никаде не брзаат. Врската сè уште е во рана фаза, но засега убаво се сложуваат – рекол извор за „Сан“.

-Том зад себе имаше тешка година, а Присила му беше поддршка – додал изворот.

Том не сакал ниту да ги потврди ниту да ги демантира наводите.

-Ние долго време сме добри пријатели. Таа е прекрасна жена. Уживаме во вечерите што ги поминуваме заедно – рекол тој.

tom2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top