| четврток, 6 декември 2018 |

Небо од меурчиња во Куманово

meurcinja

Симболиката всушност е да се промовира мирот, другарувањето и радоста на младите бидејќи во реалноста овде сме преокупирани од политиката и од другите работи.

Со правење меурчиња од сапуница младите но и повозрасните од Куманово денеска за првпат се вклучија во меѓународната манифестација ,, Небо од меурчиња ,, која на 25 –ти мај традиционално се организира на плоштадот во полскиот град Познан. Иницијатор на денешното обединување на младите и е волонтер од Полска во кумановскиот Центар за меѓукултурен дијалог.

Манифестацијата е со цел да ги обедини младите луге вклучувајќи ги и децата но и оние повозрасните да можат да се почувствуваат како деца. Другата поента е да се зближат културите од две различни држави . Настанот за првпат се организира заеднички помеѓу Полска и Македонија – изјави Паулина Тшибу волонтер од Полска

На градскиот плоштад младите повеќе од два часа се забавуваа преку најразлични интерактивни игри, цртање на хартија, улична анимација, настапи на локални бендови.

Симболиката всушност е да се промовира мирот, другарувањето и радоста на младите бидејќи во реалноста овде сме преокупирани од политиката и од другите работи. Многу е важно да се опуштиме малку, да не мислиме на ништо туку само да правиме меурчиња – изјави Матеј Маневски од Центар за меѓукултурен дијалог-Куманово

За наредната година Центарот за меѓукултурен дијалог планира со меурчиња од сапуница кумановските младинци да го срушат досегашниот Гинисов рекорд. Освен Куманово годинава за првпат и Барселона станала дел од манифестацијата ,,Небо од меурчиња,,.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top