| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва ќе има германско финале во лигата на шампионите

Вечерва од 20:45 на Вембли ќе се игра големото германското финале во Лигата на шампионите кое треба да го даде најдобриот европски клуб

Bayern-vs-Dortmund

 Баерн е најуспешната екипа за 2013 година. На Баварците годинава им недостасува само овој пехар откаако ја освоија Лигата и Купот.

– Ние сигурно ќе бидеме новите владетели на Европа“ – вели Французнот Франк Рибери.

Младата Борусија пак со нетрпение го очекуваат вториот пехар откако пред 16 години во финалето го совладаа Јувентус.

Но тренерот Јирген Клоп го загрижуваат повредите на Геце и Хумелс, кои се поверојатно нема да играат на финалето, барем не Геце.

– Ќе бидеме ослабени со неиграњето на дел од најдобрите играчи, но тоа на едно вакво финале ништо не значи. Има огромен мотив за триумф“ – вели Клоп.

Интересно е што и двајцата стручњаци во подготовките за мечот побегнаа кон некои свои „цаки“ и видови на мотивација. Ханјкес целата екипа ја однесе на својот селски имот, на „тим билдинг“, додека Клоп на пулените им покажуваше слики од играчите на Барселона по секој постигнат гол, бидејќи смета дека никој така не се радува и не ужива во фудбалот како Каталонците.

 

Со четири круни Баерн е еден од најуспешните тимови во Лигата на Шампионите,.Борусија само еднаш заиграла во финалето, во 1997 година против Јувентус и веднаш освои круна.

Финалето на Вембли ќе биде петти дуел меѓу Борусија и Баерн оваа сезона. Баварците два пати победија, со два нерешени исходи.

Само по четврти пат во историјата за највредниот европски трофеј ќе се сретнат две екипи од иста земја. По шпанското (2000 година, меѓу Реал Мадрид и Валенсија), италијанското (2003, Милан – Јувентус) и англиското (2008, Челси – Манчестер јунајтед),вечерва ќе гледаме германско финале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top