| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов ќе почне консултации со политичките партии

kol227-ivanov-1

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.

– Консултациите со парламентарните политички партии следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и средбата со евроамабасадорот Жбогар, велат од Кабинетот на претседателот.

Иванов на денешната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Македонскиот претседател вчера имаше средба со Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата и за ставот на ЕУ по ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top