Манчестер Јунајтед е еден од фудбалските клубови кои во последниве години се повеќе троши за да се врати на старите патеки, па и оваа зима за време на преодниот рок повеќе имиња беа споменува како можи засилувања.
Уше пред да почне преодниот рок Јунајтед се поврзуваше со Швеѓанецот Виктор Линделоф, но тој трансфер не се реализираше. Потоа се пишуваше за заминување на Вејн Руни во Кина, но и тој остана на „Олд Трафорд“.
По денешниот мечот со Виган во ФА купот, Мурињо беше запрашан дали има играчи што сакаат да си заминат од „Олд Трафорд“, а тренерот на „црвените ѓаволи“ именуваше само еден од своите играчи: Ешли Јанг.
Поранешниот играч на Астон Вила секако нема да му недостасува на Мурињо кој отворено истакна дека не смета на неговите услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.