Битолската полиција кривична пријава против 53-годишниот П.А. од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Настанот се случил во текот на ноќта вторник кон среда, на 24/25 јануари, при што пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил од живот С.Д. (48) од Битола, со кого заедно живеел во иста куќа на ул.„4-ти Ноември“ во Битола.
Пријавениот со намера да го прикрие ова свирепо убиство, утрото околу 05,50 часот се упатил во соседната куќа, барајќи помош кажувајќи дека непознати лица ги нападнале додека спиеле, по што истиот е хоспитализиран во Клиничка болница во Битола, поради укажување медицинска помош, заради повредите за кои изјавил дека настанале при тој напад.
На местото на настанот увид извршил јавен обвинител од Битола како и увидна екипа од ОКТУПА при СВР Битола.
Од увидот, од извршените вештачења како и од обавените разговори со повеќе лица, вклучително и со пријавениот, констатирано е постоење основано сомнение дека П.А. е сторител на кривичното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка