Според новата регулатива која е објавена денеска сите автомобили мора да имаат лепенка на која се означени шест категории, меѓу кои година на производство, енергетска ефикасност и количество на издувни гасови.
Секое дизел-возило со лепенка „петто ново“, што укажува дека е произведено во периодот од 1997 до 2000 г. нема да може да сообраќа на улиците на француската престолнина.
Околу 6% од 32 милиони регистрирани возила во Франција спаѓаат во спорната категорија.
Возилата регистрирани пред 1997 г. и камиони и автобуси произведени пред 2001 година не спаѓаат во ниту една категорија, што нзачи дека воопшто не смеат да се појават на улиците на Париз од понеделни до петок од 8 до 20 часот.
Новите регулативи се воведуваат во Париз и други градови отако во минатите два месеци е забележано рекордно ниво на штетни гасови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.