Кинези изведоа контролирана експлозија за да урнат дури 19 облакодери, и тоа за само 10 секунди поради изградба на нов деловен комплекс. Во градот Вухан беше урнат цел комплекс згради од 12 ката на простор од 150.000 квадратни метри. Зградите, кои се наоѓаат во близина на центарот на градот, биле иселени една недела пред уривањето. Изведувачите морале да ја обезбедат околината за да не дојде до оштетување на електричното напојување на градот.
-Користевме околу пет тони експлозив, кој беше поставен на околу 12.000 локации. Меѓу две експлозии имаше растојание од неколку микросекунди. Ефектите се идеални и експлозијата не оштети ништо во околината – вели Џија Џонгшенг, директор на компанијата која ја извела експлозијата, за што се подготвувале околу четри месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)