| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските Власи излегоа на протест на денот на Власите

Дваесетина припадници на влашкото малцинство во Македонија го прославија денот на Власите со мирен протест пред амбасадата на Романија во Скопје во знак на револт на одлуката на романскиот парламент со која сите Власи, Куцо Власи и Цинцари ги прогласува за Романци.

– Со ваквиот чин сите ние Власите од Македонија сме прогласени за Романци без за тоа никој да не праша. Со ова недвосмислено се крши Рамковната конвенција за заштита на малцинствата која РОманија ја има потпишано. Не можеме да бидеме мирни и овој неправеден чин да го премолчиме и ќе ги искористиме сите можни демократски средства за Романија да ја поправи оваа неправда, велат учесниците на денешниот протест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top