Застој во сообраќајот и долги колони биле предизвикани откако автобус со албански ознаки денеска во 14.50 часот удрил во тетовски автомобил кај превојот Стража на автопатот од Гостивар кон Кичево, пишува Телеграф.мк.
Во автобусот и во автомобилот имало патници, но ниту еден од нив не бил повреден. Била причинета само материјална штета. Сообраќајот повеќе не е во прекин, но и натаму има долги колони поради големиот број викендаши кои се враќаат кон Гостивар, Тетово, Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.