Како што пишува британски „Сан“ тимот на Манчестер Сити е подготвен да одвои неверојатни 114 милиони евра за Барса и дури 910.000 неделна плата за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, и член на Барселона, Лионел Меси.
Главната карта на кој што игра Сити е менаџерот Пеп Гвардиола, кој е близок пријател со Меси, но и тоа што аргентинскиот ас веќе подолг период одбива да потпише нов договор со каталонскиот клуб.
Истиот извор пишува дека двата клуба минатиот месец имале состанок, на кој се разговарало токму за овој трансфер, но засега нема никакви најави за нов состанок кој би бил финален. Меси пред извесен период одби богата сума од Кина, но повикот од својот голем пријател, Гвардиола, би можело лесно да го промени својот став и да го напушти својот матичен клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.