| четврток, 6 декември 2018 |

Најплатените професии оваа година

Кога ја избираме професијата со која ќе се занимаваме, важно е да ја земеме во предвид побарувачката за истата. Доколку се двоумите дали сте ја избрале вистинската професија, погледнете ја листата на најплатените професии оваа година, направена од US News & World Report.

При составувањето на оваа листа опфатени се висината на плата, стапката на вработеност, можни вработувања, стресот и балансот помеѓу професионалните обврски и слободното време.

5. Забен специјалист – ортодонт

Просечната плата изнесува над 221.000 долари годишно

Вработените на оваа позиција секојдневно работат на создавањето убави насмевки, корегирање на вилиците и забите. Во својата работа користат протези, фиксатори и низа други инструменти.

4. Гинеколог и акушер

Годишната плата се движи до 222.000 долари

Акушерот и гинекологот се занимаваат со чување на репродуктивното здравје на жените, но имаат посебни задачи. Гинеколозите помагаат да се изборат жените со упорните инфекции, сексуално-преносливите болести, но и ја одржуваат бременоста. Акушерите имаат поконкретна задача, да се грижат за трудницата за време на самото пораѓање и за нега на новороденчето во првите денови од животот.

3. Максилофацијален хирург

Просечна заработка до 224.000 долари

За разлика од стоматологот, оралните и максифацијални хирурзи поминуваат низ додатна обука која трае 4 години. За тој рок специјализираат за комплексни зафати на лицето, усните и вилицата.

2. Хирург

Годишна плата над 227.000 долари

Работата на хирурзите е комплексна, а секојдневно се соочуваат со најразлични сложени операции. Токму од нивните вешти раце зависи животот на пациентите.

1. Анестезиолог

Просечна плата од 260.000 долари

Ако хирурзите се грижат за болеста на пациентите, анестезиолозите се грижат за животот на пациентите. Тие мора да ги изберат соодветните медикаменти кои ќе одговараат со тежината на телото на пациентот и да го одржуваат во живот додека тој е на операциски кревет. Најплатените анестезиолози работат во Детроит, Мичиген, Канзас и Масачусетс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top