Најдобриот македонски судиски пар, а за минатата 2016 година и најдобар во светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски денес ќе дебитираат на Светското првенство во Франција.
ИХФ ги делегираше Николов и Начевски за возбудливиот натпревар од Ц групата помеѓу европскиот првак Германија и Унгарија. Мечот се игра од 17.45 часот и е само еден од денешните седум натпревари.
Николов и Начевски во зависност од резултатите на македонската репрезентација со сигурност ќе останат до крајот на турнирот, со големи шанси да судат и на мечевите за медали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.