„Денес од Богоев видовме нова епизода од серијалот во продолжение наречен ‘Кога крадецот вели држете го крадецот’ ”- напиша на својот Фејсбук профил Владимир Нелоски претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ .
„За да не се мачи премногу, доволно е Богоев да одговори на две основни прашања, не треба повеќе: прво ако е толку мизерија државата каква што тој ја опишува како се стига до 3 автомобили, мотор, 4 стана и една куќа хациенда колку што поседува најтесното семејство Богоев и второ како во време на “режим” портпаролот Петре Шилегов успеа да купи два нови стана во кеш од 150.000€ ?
Очигледно и Богоев, а и другите од СДСМ отпочнуваат со задача и мисија за спас на политичката кариера на нивниот лидер Заев кој ги загуби изборите. Не е тоа лесна задача особено не по толку ветер во грб со истурени пари, поддршка од СОРОС и неговите кловнови, надворешни влијанија, а сепак поразени од народот и со загубени избори.
Овие лаги не проаѓаат. И со овие измислици и со цела надворешна логистика и пари, пак ги изгубивте изборите…“- оцени Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Богоев на својот другар му продал државно Ауди Q7, по багателна цена!
-
Нелоски: Катастрофалните политики на СДС продолжуваат – укинува бенефиции кои им биле достапни на граѓаните во изминатите години
-
Владимир Нелоски: Единството не попушти, бевме, сме и ќе останеме единствени! (видео)
-
Откако СДСM се договори да глуми жртва, Богоев го избриша статусот (ФОТО)