| четврток, 6 декември 2018 |

Eлектронските цигари се еднакво штетни за забите како и обичните

e-cigara

Електронските цигари да им штетат на забите и непцата на ист начин како и класичните, покажуваат последните истражувања.

Резултатите од лабораториските истражувања спроведени на примероци од непце на непушач и корисник на е-цигари, покажуваат дека тврдењата дека електронските цигари се поздрава алтернатива се целосно неточни. Се покажало дека користењето на електронските цигари предизвикува лачење на протеини слични на оние при воспаление, во станиците на забното месо, што ја зголемува шансата од заболување од низа болести на усната шуплина.

Ризикот расне паралелно со фреквенцијата на користење на е-цигарите. Дополнителен ризик е забележен доколку се користат хемиски препарати кои им даваат арома на електронските цигари. Е-цигарите, како што е познато содржат и никотин, кој и самиот е голем причинител на заболувања во устата и непцето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top