| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најлошото што може да ви се случи на новогодишната ноќ

Новогодишната ноќ често знае да заврши катастрофално, па ако 2014 година не ја дочекувате дома, ова се едни од можните црни сценарија кои би можеле да ви се случат во најлудата ноќ. Подгответе се навреме да ги одбегнете.

Диџејот пушта прегласна музика

За оние што сакаат да ги освојуваат танцовите подиуми, диџеј со музика која не е по нивни вкус е кошмар. Вие сакате малку рок, а тој навалил на домашна музика. Вие барате малку хаус, а тој тера со комерцијална музика.

Дадилката откажува во последен момент

Дадилката добила понуда што не може да ја одбие и наместо да го чува вашето дете, таа оди на забава. Ви посакуваме многу среќа затоа што сите статистики покажуваат дека во новогодишната ноќ е најтешко да се најде дадилка.

Пријателите откажуваат во последен момент

Пријателите со кои сте требале да одите за Нова година ви јавуваат лоши вести – не одат со вас, а секој има своја причина. Тоа не мора да значи дека никој не ве сака, но таквите работи се случуваат. Пронајдете резервна екипа.

Пребрзо сте се напиле

Не е ни полноќ, а вие веќе ја прегрнувата веце-школката. Имајте на ум дека пред вас е цела ноќ со многу разни пијалоци, не морате сѐ одеднаш да ставите во себе. Совет: јадете нешто пред да одите на забава.

Секој секому честита, а вие стоите на страна

На полноќ почнува честитање, а сите одат кај некој друг да му честита додека вие стоите и чекате затоа што сите некако ве одминуваат. Танцувајте, кога-тогаш ќе дојдат до вас.

Не сте го наместиле часовникот

Наместете го часовникот за да не се случи Новата година да ја дочеката во тоалет поправајќи ја шминката затоа што „полноќ ќе биде за пет минути“, а додека вие се шминкате на подиумот сите разменуваат бакнежи и честитки.

На шанкот се послужува пијалак кој воопшто не ви одговара

Сте платиле влез, со кој следува и пијалак, но имаат само она што вие не го пиете. За ова не постои решение освен за Новата година да почнете да го пиете она што досега не сте го пиеле.

Плативте повеќе од 2000 денари за дочек со храна и со пијалак, но не можете да се приближите до шведската маса затоа што на дочекот сите дошле гладни

Оваа ситуација не треба премногу да се објаснува затоа што се повторува од година во година. Луѓето, просто, на забава доаѓаат жедни и гладни, па обидете се да не бидете едни од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top