Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани на корумпираните функционери дека ќе ги исфрли од хеликоптер во воздух, наведувајќи дека тоа веќе го правел.
– Доколку сте корумпирани, ќе ве соберам со хеликоптер и ќе ве исфрлам од него, рече Дутерте, кој води своевидна војна против корупцијата и дрогата.
Портпаролот на претседателот, во намера малку да ја ублажи изјавата на Дутерте, рече дека тие наводи „се урбана легенда“, пренесе Би-Би-Си.
Дутерте ова го изјави во вторникот, а неговата канцеларија објави и видео клип.
-Тоа сум го правел порано, зошто да не го повторам, рече Дутерте, наведувајќи дека неговите „жртви“ биле киднапери кои убиле заложници.
Два дена подоцна, претседателот на Филипини, најверојатно почуствува потреба да се огради од поретходно кажаното.
-Хеликоптер, за да се исфрлат некои лица? Доколку тоа и е точно, нема да го признаам, рече Дутерте во интервју за АБС-ЦБН њуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст