Двајца мигранти загинаа, а десет други, од кои пет деца, се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи утрово на автопатот Ниш-Белград, соопшти српската полиција.
Несреќата се случила околу 4 часот близу село Дражевац, кога автомобил „Пасат” во кој илегално се превезувале 12 мигранти, удрил во заштитната ограда и се превртел.
Повредените со возило од Брзата помош биле префрлени во болница во Ниш. Мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.
-Некои од нив се уште се во животна опасност, а на еден му се ампутирани нозете- изјави директорот на нишката Служба за брза помош, Миодраг Лазиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти