Џордан Картрајт (7) во ниеден поглед не е обично момче. Тој е страствен вљубеник во класичната музика, а најголема желба му е, како што вели, еден ден да му диригира на вистински оркестар.
Џордан, кој живее во канадскиот град Гранде Прери, боледува од леукемија, а неодамна го завршил деветмесечниот циклус на хемотерапии.
Поради лекувањето на својот син, Џорданови од оваа година живеат во апартманот на хуманитарната институција „Роналд Мекдоналд Хаус“ која се наоѓа во Едмонтон, град во канадската провинција Алберта, пренесува локалната телевизија ЦТВ од Едмонтон.
Кога слушнал за желбата на Џордан, тамошниот симфониски оркестар одлучил на момчето во пресрет на Божиќ да му приреди убаво изненадување.
-Кога слушнавме дека Џордан ја сака класичната музика, одлучивме да му ја исполниме желбата и да го повикаме да ни биде почесен диригент. Планирав да му помогнам околу подготовките, но воопшто немаше потреба за тоа. Освен што е борец, тој е и вистински музички генијалец. Ми рече дека со месеци проучувал снимки од концерти и така ги научил диригентските потези, рекол воодушевениот шеф на оркестарот.
Џордан за настапот на неговиот живот добил и класично црно одело со пеперутка вратоврска.
Пред момчето да се разболи, семејството Картрајт проживеало вистински пекол. Во пожар до темел им изгорела куќата, а таткото Скот добил отказ набрзо откако сопругата Робин дознала дека е бремена со трето дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)