| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике е најплатениот тренер во Европа

Tренерoт на Барселона Луис Енрике е најдобро платен меѓу колегите во европските првенства, според францускиот весник „Екип“.

Според француското издание неговата плата е 1.560.000 евра и се наоѓа пред Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Токму менаџерите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ги дополнуваат Топ 3, откако нивните плати се соодветно 1.48 милиони евра и 1,36 милиони евра месечно.

Тренерот на европскиот и светски шампион Реал Мадрид Зинедин Зидан е само деветти и тоа со тројно помалку плата од Енрике – едвај 449.000 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top