| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува возењето пар-непар

На подрачјето на кантонот Сараево од утре од 7 часот ќе биде дозволен сообраќај саммо на возилата со непарни регистерски таблички, објавија медиумите во Босна и Херцеговина.
Во Сараево е прогласено трето ниво на тревога поради загадувањето.
Една од мерките е ограничување на употребата на моторните возила по системот пар-непар.
Забраната не се однесува на возилата на полицијата, министерството за одбрана, јавниот градски превоз, комуналните претпријатија и возила со диполматски таблички, брза помош, пожарникари, како и возилата за снабдување со лекови и намирници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top