Дојде тоа време кога празниците од вас го извлекуваат најлошото и најдоброто. Почна да се шири празничната еуфорија, а на девојките кои се сами тоа можеби не им се допаѓа. Доколку не сте во врска, не дозволувајте тоа да ви предизвикува стрес и поради тоа да се чувствувате осамено.
Ви даваме неколку совети како без партнер да уживате во претстојните празници.
Патувајте
Доколку сте една од среќните жени кои не мораат да работат за време на празниците, направете план каде ќе отпатувате. Сетете се, мора да постои некоја локација која би сакале да ја посетите. Ова е идеална прилика за да посетите некоја нова земја и да ја почувствувате магијата на тоа кога ќе се запознаете со нешто ново. Не морате сами, сигурно имате неколку пријатели кои немаат што да прават за време на празниците.
Волонтирајте
Да дадете нешто, а да не очекувате ништо за возврат, може да ви донесе многу пријатно чувство. Сигурно во местото во кое живеете постои некој на кого му е потребна помош. Можете да се пријавите во некој волонтерски центар, верувајте ќе ги усреќите оние на кои им е потребна помош, а насмевката на нивните лица ќе ви даде неописливо чувство на среќа.
Направете своја забава
Доколку не сте за излегување во некој клуб каде што има многу луѓе, направете забава дома. Тука можете да поканите одбрани луѓе и семејството, и сигурно ќе ви биде забавно. Доколку сакате повеќе луѓе, можете да им кажете на пријателите да поканат нивни пријатели.
Поминете го времето со семејството
Празниците се идеални за собири со семејството. Поминете го времето со оние луѓе кои најмногу ги сакате и кои ве сакаат најмногу. Не е само партнерот тој кој би требало да биде важен во вашиот живот. Не се фокусирајте на она што го немате, туку на она што го имате и секогаш ќе бидете среќни сами со себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст