СДСМ ќе се обиде да таргетира точно определен број гласачи преку кои сака да ги фалсификува изборите од 11 декември оваа година, изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, за одлуката на Управниот суд за поништување на гласањето на едно избирачко место во општина Теарце, на кое СДСМ ќе се обиде да ја украде изборната волја на граѓаните преку т.н. изборен инженеринг.
Според Тодоров, дури и на најтврдокорните поддржувачи на СДСМ им е јасно дека се работи за обид за кражба на изборите.
Тодоров додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставовите од прогласот кој беше донесен од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во саботата, а го соопшти претседателот на партијата Никола Груевски.
-СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви. Притисоците врз Судот кои се случуваа од СДСМ, медиумите блиски до СДСМ, како и некои други фактори однадвор, вродија со плод да доведе до скандалозен правен преседан кој говори за политичка мотивираност во одлучувањето, наместо водење според правни факти и докази.
Еден, додаде Тодоров, од најголемите докази за противправното одлучување на судиите кои одлучуваа за оваа тужба е фактот што, нестандардно за судската пракса, во одбразложението од одлуката не се наведени конкретните законски причини и основи заради кои се носи оваа одлука, туку е наведена една општа формулација која е несвојствена, нетипична и која отстапува од правните стандарди, а тоа е дека се случувале низа неправилности- кои се тие неправилности, за какво тип неправилности станува збор, тоа воопшто не е содржано во образложението на пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


