Специјалниото обвинителство ја нема завршено истрагата против петтемина судии од Управниот суд, кои се дел од првиот случај што го отвори ова обвинителство под кодно име „Титаник“ за серија наводни изборни нерегуларности во 2013 година, пред, за време и по локалните избори таа година.
Во февруари СЈО отвори истрага против пет судии на Управниот суд во Скопје и четири членови на Државна изборна комисија од 2013 година за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Целта на оваа истрага е да изврши притисок врз судската власт и да испрати порака дека судството и ДИК нема да бидат поштедени доколку не работат во корист на СДСМ, чијашто алатка за спроведување на треба антидржавната агенда е СЈО.
Јанева во интервју за МРТВ потврди дека СЈО врши притисок врз судии, на што жестоко реагираше претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски:
„Особено иритира изјавата на Јанева дека се води постапка за судии од Управниот суд. Тоа е конкретно напаѓање на еден суд и директно е рушење на угледот на тој суд и на целото судство. Многу граѓани имаат предмети пред тој суд. Да кажете за некои судии се води постапка, без да кажете за кои, за колкумина, дали за сите се води, имајќи го предвид функционалниот имунитет што го имаат судиите, е крајно неетичко, нецивилизирано и некултурно така да се изјави. Во нашата судиска и обвинителска етика стои дека тоа што сме го добиле како доверлив материјал за работа, можеме да го користиме само при извршување на работата, а не на интервјуа да се фалиме дека нешто за некого знаеме“.
За Специјалното јавно обвинителство повикувањето судии на разговор не е начин за вршење притисок врз судиите.
Управниот суд денеска и утре треба да решава по жалбите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одлуките на Државната изборна комисија по приговорите на СДСМ и Беса за изборите на 11 декември. СДСМ поднесе четири жалби, а ВМРО-ДПМНЕ една.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст