| четврток, 6 декември 2018 |

Балканци уапсени за трговија со дрога низ цела Европа

Шпанската полиција на Канарските Острови уапси 11 лица осомничени за трговија со дрога низ цела Европа, меѓу кои и по еден државјанин на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, јавија шпанските медиуми.

Уапсените се осомничени дека од Јужна Америка пренесувале големи количества на дрога, претежно кокаин, наменет за европскиот пазар.

За време на апсењата се запленети 49 килограми кокаин, 20 килограми хашиш, пиштоли, муниција и околу 40 илјади евра.

Групата е уапсена во рамки на операцијата „Сципион“, која шпанската полиција ја спроведува од крајот на минатата година.ѝ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top