Ноќва околу 03.00 часот на бензинска пумпа во населба Варош во Прилеп, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво.
Сторителите, со закана со нож, од двајца вработени побарале пари, по што ги затвориле во тоалетот. После тоа од работното биро го одзеле дневниот промет и побегнале од местото на настанот.
ПС ОН Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.