| четврток, 6 декември 2018 |

Предизвик: Петок без мобилен телефон

Карли Тофил (41), е инструкторка по јога и во октомври му забранила на својот 13 годишен син да користи мобилен, и ги повикува сите родители да го сторат истото!

– Дилан поминуваше многу време на неговиот мобилен телефон и тоа навистина ме загрижуваше. Играше игри со часови. Кога му забранив да го користи телефонот, прво се лутеше но сега е друго дете. Поредовно пишува домашна, се дружи, а кога ќе заврши со сетоа тоа, нема што да прави, па самиот предлага да помогне и во работата низ дома. Има многу повеќе енергија – вели Карли.
– Ме праша дали може да доаѓа на јога. На татко му му кажал дека му е подобро без телефонот – вели Карли која забраната од една година ја намалила на три месеци.Според Карли, децата не се единствените во семејствата кои поминуваат премногу време на мобилен. И возрасните го прават истото – постојано гледаат во апаратот, проверуваат фејсбук.

Во нејзиното семејство само таа има телефон – Дилан, другиот син и нејзиниот сопруг не ги користат.

Воодушевена од резултатот, неговата мајка сега постави предизвик на Фејсбук – наречен „петок без телефон“. Ги повикува родителите да им забранат на децата употреба на телефонот баре еден ден во неделата, а на тие што ќе го сторат тоа, им нуди бесплатни јога часови!

– Не ми е целта да им наредуваме или забрануваме децата. Направете го тоа како предизвик, поминете го тој ден со нив правејќи интересни работи заедно – вели Карли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top