| четврток, 6 декември 2018 |

Уште два дена кампања: Митинзи во скопските општини, Радовиш и Струмица

На два дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските општини Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во Радовиш и во Струмица.

Централен собир во Скопје ќе одржи Алијансата на Албанците.  Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе одржи завршен предизборен митинг во Скопје.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во општина Ѓорче Петров.

Левица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top