Вчера во седиштето на англиската фудбалска федерација беа извлечени двојките од третото коло на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Купот. Ждрепката сакаше уште во раната фаза да се сретнат шест тимови во три пата на клубови од Премиер лигата. Евертон – Лестер, Вест Хем – Манчестер Сити и Сандерленд – Барнли се мечеви кои отскокнуваат од останатите.
Бранителот на титулата Манчестер Јунајтед ќе му биде домаќин на второлигашот Ридинг на Јап Стам, Ливерпул ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Њупорт и Плимут, а Челзи ќе биде домаќин на победнокот од натпреварот Нотс Каунти – Питерброу.
Трето коло на ФА Купот:
Ипсвич – Линколн / Олдам
Манчестер Јунајтед – Рединг
Бароу – Рочдејл
Сандерленд – Барнли
Хул Сити – Свонси
Милвол – Бурнемаут
КПР – Блекбурн
Брајтон – МК Донс / Чарлтон
Вест Хем – Манчестер Сити
Виган – Нотингем
Блекпул – Барнсли
Челзи – Нотс Каунти / Питерброу
Бирмингем – Њукасл
Вест Бромвич – Дерби Каунти
Мидлзброу – Шефилд Венздеј
Ливерпул – Њупорт / Плимут
Евертон – Лестер
Ватфорд – Бартон
Викомб – Сторбриџ / Нортемптон
Кардиф – Фулам
Престон – Арсенал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение