| четврток, 6 декември 2018 |

Намерно го оставил синот во врелото возило за да умре

Откако минатиот месец беше прогласен за виновен дека намерно го оставил својот двегодишен син да почине во врелиот автомобил, судијката од Врховниот суд во понеделникот го осуди Џастин Рон Харис (36) на доживотен затвор без можност за помилување, пренесува „Би-Би-Си“.

Детето почина во јуни 2014 година на паркинг во Атланта, Џорџија. Остана врзан во своето седиште во автомобилот седум часа, додека температурата надвор била 31 Целзиусов степен. Во автомобилот температурата стигнала и до 49 степени, па момчето по неколку часа починало. Обдукцијата покажа дека причина за смртта е хипертермија, поточно состојба на зголемена телесна температура.

Неговиот татко тврдеше дека заборавил на своето дете и дека било несреќен случај.

 

За време на судењето се објавени непристојните пораки што им ги испраќал на малолетници додека неговиот син умирал во возилото. Покрај тоа, неговата интернет-историја покажала дека Харис пребарувал „деца во вжештени автомобили“ и „како да се преживее затвор“. Обвинителите тврделе и дека тој сакал да ја остави сопругата, но не можел додека нивниот син бил жив.

Бидејќи се работи за „застрашувачко и ужасно злосторство“, судијката му доделила максимална казна од 32 години, на што се додаваат и казните за сексуални злосторства и суровост кон дете, по што вкупно му е одредена доживотна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top